Мурињо и тоа како лаже: Еве што зборуваше за Салах во 2015 година

Жозе Мурињо изјави за ЕСПН дека тој не одлучил да го продаде Мохамед Салах… Но, не требаше долго медиумите да ја извадат на виделина целокупната вистина.

Португалецот ги обвини челниците на Челси дека тие лажат околу продажбата на Салах, но сепак изјавата негова од 2015 година само потврдува дека всушност – тој лаже. Пред три години Мурињо конректно и директно изјави дека Салах не му е потребен…

„Неговата иднина ја гледам на друго место. Или повторно на позајмица, или мора да го продадеме ако стигне интересна понуда. Имаме пет поквалитетни крилни фудбалери од него во клубот, и најдобро е Салах челниците да не го враќаат во тимот“ – е изјавата на Мурињо, и со видео снимка, која датира од 2015 година.

За да вчера португалскиот тренер за ЕСПН даде една сосема поинаква приказна…

„Луѓето велат дека јас сум тој кој го продал Салах, а јас знам нешто сосема спротивно. Јас го купив Салах. Но, тој во клубот дојде многу млад, физички не беше подготвен, психички не беше подготвен, социјално и културолошки беше изгубен и се беше претешко за него. Одлучивме да го испратиме на позајмица, а и тој самиот го сакаше истото. Сакаше повеќе да игра. Сакаше да замине и го испративме на позајмица во Фиорентина. Потоа Челси, а не јас, одлучи да го продаде. ОК? А кога велат дека јас не сум го сакал, тоа е лага. Јас го купив“ – изјави вчера Жозе Мурињо.

Се вчитува...