Мурињо има послаб старт и од сменетиот Фонсека на клупата на Рома

Многумина очекуваа „чуда“ од Рома сезонава, особено што клубот се реши да го донесе големото име Жозе Мурињо на клупата. Меѓутоа засега Португалецот не ги оправдува очекувањата. После „шокот“ од Бодо Глимт во Лигата на конференции во кои не го совлада во два натпревари, следуваше и пораз од Венеција, со што на Мурињо му е затресено местото.

Дека Мурињо не донел ништо ново во Рома, е фактот што тој има послаб биланс од Фонсека во првите 12 натпревари во Серија „А“. Така Мурињо досега освои 19 поени, или шест победи, едно реми и пет порази, додека Фонсека имаше седум победи, три нерешени и два порази.

Како што е познато, Фонсека доби отказ од Рома на крајот од минатата сезона, а потоа на негово место беше донесен Мурињо.

Се вчитува...