Мурињо ја одби и Борусија, сака само еден клуб!

Жозе Мурињо е подготвен за враќање во фудбалот, но не брза со одлуката за следната дестинација додека не биде отворено тренерското место што тој го посакува – во Реал Мадрид. Португалецот неодамна го одби Лион, по што претседателот Ола откри дека „специјалниот“ воопшто не бил заинтересиран за конкретни разговори бидејќи знае каде сака да работи во наредниот период.

Од идентични причини кратко траеја и преговорите со Борусија Дортмунд, откако амбициозната управа на „милионерите“ изрази желба да го доведе овој трофеен стратег во обид да го симне Баерн од тронот на германскиот фудбал.

И клубот од Дортмунд како и оној од Лион доби негативен одговор, со јасна порака дека Мурињо знае точно каде сака да работи сезонава. А тоа според извори блиски до него е токму Реал Мадрид, клубот со кој освојуваше трофеи во периодот од 2010 до 2013 година. Тој се уште е во блиски односи со Флорентино Перез, беше поврзуван со оваа функција и во текот на ланската сезона, а во ситуација кога Зидан се соочува со огромен притисок, Португалецот се надева дека најдоцна до крајот на годинава би можел да го комплетира својот камбек на „Сантијаго Бернабеу“.

Се вчитува...