Еден од најдобрите фудбалски тренери, Жозе Мурињо, вчера успеа со Рома да излезе како голем победник во римското дерби против Лацио.
Португалецот по крајот на овој дуел во изјава за медиумите упати предупредување до Италијанците, потенцирајќи им дека не треба така лесно да ја отпишуваат Македонија во баражот за Светското првенство.
Во четврток Македонија ќе и гостува на Италија во Палермо, додека Португалија е домаќин на Турција. Победниците ќе се сретнат на 29. март во борба за виза за СП во Катар.
„Италија или Португалија на мундијалот? Не ги отпишувајте предвреме Македонија и Турција. Сепак, јас не можам да бидам неутрален. Ја сакам Италија, живеам тука и оваа земја ми даде многу, но си навивам за Португалија и сакам да оди на Светското првенство“, изјави Мурињо.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА