Мурињо ја шокираше цела Шпанија со изјава за Винисиус: „Јас да сум на негово место одма си одам…“

Жозе Мурињо ја шокираше цела Шпанија коментирајќи го случајот со Винисиус Жуниор, кој се најде во центарот на вниманието по суспензијата од четири натпревари поради исклучувањето против Виљареал.

Португалецот вели дека тој покажува неверојатна ментална сила, ако се земат во предвид сите проблеми со кои се соочуваа.

Мурињо призна дека лично би постапил поинаку доколку бил на негово место.

„Да бев на местото на Винициус, веројатно немаше да бидам тука. Уште летово ќе инсистирав да заминам во земја или на стадион каде што ќе ме почитуваат. Но, тој го сака клубот и градот и верува дека работите можат да се променат на подобро. Го продолжи договорот и остана со насмевка на лицето“, изјави Мурињо, истакнувајќи го позитивно карактерот на Бразилецот.

„Тој е еден од најважните позитивни фактори во тимот. Начинот на кој се справува со сè е неверојатен“.

Се вчитува...