Мурињо: Ја заслуживме казната

Жозе Мурињо признава дека Манчестер јунајтед си ја „заслужил казната“ доведувајќи го во прашање менталитетот на неговите играчи во ситуација во која многу рано опипливо заостануваат во трката за титулата. Јунајтед на домашен терен одигра 1-1 со Вулверхемптон во седмото коло од Премиер-лигата.

На денот кога сер Алекс Феругон се врати на „Олд Трафорд“ по ризичната операција на мозокот, играчите на Манчестер јунајтед покажаа слаба мотивација и многу малку иницијатива за да стигнат до триумф.

„Резултатот е фер. Тие го заслужија бодот, ние ја заслуживме казната. Тие беа поагресивни, имаа повеќе иницијатива. Едноставно беа многу помотивирани. Не можам да ја објаснам разликата во односот на моите играчи.  Победуваме на три натпревари во гости и потоа киксираме дома“ – изјави Мурињо по натпреварот.

По шест одиграни средби, Манчестер јунајтед е на шестото место на табелата, има само 10 бода, осум помалку од водечкиот Ливерпул.

Се вчитува...