Мурињо: Јас сум еден од најголемите тренери во светот

Менаџерот на Манчестер јунајтед, Жозе Мурињо, вели декa тој ќе биде „еден од најдобрите тренери во светот“ и ако неговиот клуб не ја освои Прeмиер – лигата сезонава. Јунајтед загуби два од трите натпревари во новото првенство и со тоа го има најлошиот старт од сезоната 1992/93.

Сепак Мурињо вели дека тој е единствениот тренер кој освоил титули и во Италија и во Шпанија и во Англија, а потенцираше и дека тоа што со Јунајтед завршил второпалсиран во минатата сезона било едно од неговите најголеми постигнувања.

„Зошто вакви прашања не му поставувате на менаџерот чија екипа лани заврши на третото место или пак на менаџерите чии клубови беа на четвртото или на петтото место“ – реагираше Мурињо на прашањата за тоа дали ќе остане да биде меѓу најголемите тренери во светот ако сезонава повтoрно не ја освои титулата со Јунајтед.

„Пред две години имавме одлична сезона. Ја освоивме Лигата на Европа. И натаму сме последниот англиски клуб со европски трофеј“ – рече Мурињо.

За повторно да се пресметува со медиумите, Португалецот ја искористи прес-конференцијата во пресрет на неговиот тим со Барнли од четвртото коло во Премиер-лигата.

 

Се вчитува...