Мурињо: Ќе биде благослов да испаднеме од Лига Европа

Рома има одличен старт на новата сезона во италијанското првенство каде по девет одиграни натпревари заостанува четири бода од водечкиот Наполи, но не се прослави во Лига Европа каде во група со Бетис, Хелсинки и Лудогорец има само три од можни девет бода.

А, за „волчицата“ да се надева на пролет во второто по ранг натпреварување во Европа потребна е победа на денешното гостување во Шпанија. Говорејќи пред натпреварот Жозе Мурињо вели дека испаѓање од истото би било благослов во однос на фокусирање на Серија А, но лошо во однос на амбициите и самодовербата.

„Оваа група може да ја завршиме како втори, трети или четврти. Ако испаднеме од Лига Европа тоа ќе биде благослов во поглед фокусирање на првенството, но негативно на нашите амбиции и самодоверба. Целта ни е да продолжиме да се натпреваруваме во Лига Европа“, вели Мурињо.

Се вчитува...