„Мурињо ќе биде еден од најважните тренери во историјата на Рома“

Жозе Мурињо оваа сезона седна на жешкото столче во Рома, а по одличниот почеток на сезоната „волчицата“ бележи пад на формата. Во последните пет натпревари во Серија А тимот од главниот град на Италија забележа една победа, едно реми и три порази.

Покрај тоа Рома два пати киксна со Бодо/Глимт во Конференциската лига па португалскиот стратег наиде на критики од јавноста која веќе започна со шпекулациите за негов наследник. Сепак овие гласини експресно ги отфрли претседателот на клубот кој изјави дека Мурињо ќе биде еден од најважните тренери во историјата на клубот.

„Не можам да кажам дека сме задоволни, но знам дека ќе биде подобро. Резултатите во претходниот месец беа лоши, но сигурен сум дека тоа што го правиме под водство на Мурињо ќе донесе резултат во иднина. Сега не е време да се сомневаме во проектот кој го започнавме. Воедно ќе беше невозможно да го ангажираме Жозе доколку не не поврзуваше заедничка стратегија. По четири месеци сигурен сум дека тој е првиот избор и дека Мурињо ќе биде еден од најважните тренери во историјата на Рома“, изјави Тијаго Пинто.

Се вчитува...