Мурињо ќе му понуди нов едногодишен договор на Мајкл Карик

Искусниот играч за врска на Манчестер јунајтед, Мајкл Карик, ќе остане на „Олд трафорд“ уште една сезона. Менаџерот на „црвените ѓаволи“, Жозе Мурињо, одлучи да му понуди нов договор за едногодишна соработка на Карик, кој и понатаму игра на врвно ниво. 35-годишниот дефанзивен играч од средниот ред ја игра својата 11.сезона во дресот на Манчестер јунајтед, откако во 2006 година дојде од Тотенхем за сума од 18 милиони фунти.

Карик има 457 настапи за Манчестер јунајтед во сите конкуренции, има пет шампионски титули со клубот, како и трофеј од Лигата на шампионите, пехар од ФА купот и два трофеи од Лига-купот на Англија.

Се вчитува...