Мурињо: Ќе се бориме за четврто место, ништо друго не ни преостанува

Притисокот повторно е огромен врз Жозе Мурињо откако Манчестер јунајтед вечерва загуби од Ливерпул со 3-1, па „црвените ѓаволи“ сега заостануваат дури 19 бодови зад лидерот на табелата. Јунајтед беше целосно надигран на „Енфилд роуд“, гостите упатија само шест удари наспроти вкупно 36 на избраниците на Јирген Клоп, но Мурињо како една од главните причини за неуспехот го наведе немањето среќа, бидејќи двата гола на Шаќири беа постигнати со помош на Јанг и на Баи, кои го измамија Давид де Хеа.

Ако го спомнеме зборот среќа, тоа сигурно ќе се однесува на нивниот втор и трет гол. Наши фудбалери играа последни со топката и не му дадоа шанса на Де Хеа да интервенира. Севкупно гледано игравме добро против силен тим. Се мачевме само во првите дваесет минути, кога нивниот интензитет беше неверојатен. Потоа дадовме гол за израмнување и го контролиравме мечот, нивните дефанзивци почнаа да ја шутираат топката кон трибините и се беше добро… до оние два гола на Шаќири постигнати со наша помош“ – изјави Мурињо.

Мурињо има потрошено над 300 милиони фунти на фудбалери откако дојде на чело на „црвените ѓаволи“, но Португалецот е предалеку од битката за трофејот во Премиер-лигата.

„Дали можеме да ја освоиме титулата? Сигурно не. Ќе се бориме за четвртото место, само тоа ни преостанува. Нема да биде лесно, сигурно ќе сме во Топ 6, но сакаме да бидеме меѓу најдобрите четири и ќе се бориме за тоа. Сега треба да сториме се за да дојдеме до петтото место, кога ќе го оствариме тоа ќе атакуваме на четвртата позиција“ – истакна Жозе Мурињо.

Се вчитува...