Мурињо: Кејн за нас е посебен, за другите тимови е само обичен фудбалер

Менаџерот на Тотенхем,  Жозе Мурињо вели дека Хари Кејн нема да го напушти клубот во следниот преоден рок, иако големи се шпекулациите дека тој би можел да замине во некој од европските гиганти.

„Мислам дека сите знаат дека Хари е фантастичен фудбалер и одлична личност. Тотенхем е среќен клуб бидејќи има таков капитен. Знаете поради се што кажав во ниту еден друг клуб нема да биде посебен, како што е тоа во Тотенхем. Тој кажа дека ќе го напушти клубот само ако види дека не може веќе да напредува“, изјави Мурињо. 

Тотенхем го победи Лестер со 3-0 и во моментов  се наоѓа на шестата позиција на првенствената табела, последна која следната сезона води во најмасовното европско фудбалско натпреварување, Лигата на Европа.

Се вчитува...