Мурињо: Колку време му требаше на Клоп да почне да победува со Ливерпул?

Жозе Мурињо повторно се најде на удар на спортската јавност по очајното издание на Тотенхем против Борнмут, на кој „спарси“ не упатија ниту еден удар во рамките на противничкиот гол. Португалецот е се подалеку до обезбедување на учество во европските купови, тимот му игра катастрофално, но Мурињо не се согласува со сите оние кои го критикуваат, барајќи време за да ги пренесе своите тактички замисли врз тимот.

Воедно, „специјалниот“ потсети дека ниту Јирген Клоп не почнал со победи веднаш по доаѓањето на клупата на Ливерпул.

„Јас имам тригодишен договор овде и убеден сум дека во овој период ќе освоиме трофеј. Ништо не се случува веднаш, колку време му требаше на Клоп да почне да победува со Ливерпул? Четири години, го купи еден од најдобрите голмани во светот, еден од најдобрите дефанзивци во светот и така натаму и така натаму… Јас сум оптимист, верувам во овој тим на Тотенхем. Ако не го остварам она што го ветувам, клубот може да донесе одлука за разделба и да почне нова ера по моето заминување“, истакна Мурињо.

Се вчитува...