Мурињо „ладен“ како никогаш: „Не ги сакам твоите честитки!“ (ВИДЕО)

Рома е најблиску, од четири екипи, до финалето во Лигата на Европа по синоќешната победа од 1-0 во Рим против Баер Леверкузен.

Јасно, ништо не е готово затоа што на реваншот ќе се прашува и германскиот тим, за што повеќе од свесен е и тренерот на Рома, Жозе Мурињо.

Португалецот по синоќешната победа беше прилично „ладен“, одбивајќи ги честитките кои му ги упати еден од новинарите во микс-зоната на Олимпискиот стадион во Рим.

„Не ги прифаќам твоите честитки затоа што ова е само едно полувреме. Никогаш не славам на полувремето, и никогаш не плачам кога губам на полувремето. Па не ги сакам овие честитики ако се знае дека има уште игра“ – истакна Мурињо.

Се вчитува...