Мурињо: Ливерпул не треба да плаче, Клоп има десет здрави „ѕвезди“

Ливерпул и Тотенхем влегуваат со ист број на бодови во утрешното дерби на „Енфилд Роуд“, а Жозе Мурињо ја почна психолошката борба со противникот истакнувајќи дека не разбира зошто „црвените“ толку се жалат на проблемите со повредени фудбалери. Јирген Клоп цела сезона мака мачи со изборот на првотимци, на листата на повредени се Ван Дајк, Гомез, Тијаго Алкантара, Кеита, Жота… но Мурињо не смета дека утрешниот ривал ќе биде сериозно ослабен за големото дерби.

Според него, Клоп има на располагање доволно оружја за пресметката со Тотенхем, но и за претстојниот дел од сезоната.

„Сите зборуваат за проблемите на Ливерпул, се плаче за проблемите на Клоп. Да погледнеме, на голот е Алисон, не е повреден. Тука е Александер Арнолд – не е повреден, потоа Фабињо и Робертсон – не се повредени. Во нападот – Салах, Фирмино и Мане – не се повредени. Повредите се составен дел од фудбалот, секој има проблеми во одреден дел од сезоната. Клоп има еден реален проблем, што го нема Ван Дајк, сите останати повредени играчи е заменливи“, изјави во свој стил Мурињо.

 

Се вчитува...