Мурињо: Лукаку да го одморам!? А, кој ќе ми игра?

Жозе Мурињо се надева дека наскоро ќе проработи белгискиот напаѓач во редовите на Манчестер јунајтед, Ромелу Лукаку.

Белгиецот во досегашниот тек од шампионатот постигна само четири гола, ефект од кој Мурињо не е задоволен но вели дека нема друга опција…

„Еднаш ќе дојде и тој натпревар кога ќе постигне гол и самодовербата ќе му се врати. Ме прашувате зошто не го одморам малку? Да го одморам… Па со кого после да играм? Не може да играм со Рашфорд во нападот. Кој тогаш ќе игра на крилната позиција? Не може да размислувам да одморам фудбалери или да барам други решенија. Единствено може да ги користам фудбалерите за кои мислам дека ќе одговорат на задачите“ – вели Мурињо.

Португалецот ја прокоментира можноста и за враќање на Златан Ибрахимовиќ на „Олд трафорд“…

„Не, не…. Тоа нема да се случи“.

Јунајтед во недела го пречекува Евертон на „Олд Трафорд“ во Премиер лигата.

Се вчитува...