Мурињо лут на управата на Јунајтед поради тројца фудбалери

Тренерот на Манчестер јунајтед, Жозе Мурињо е лут на раководството на клубот поради засега крајно неуспешниот преоден рок во кој го доведоа само Линделоф од Бенфика за 29 милиони фунти.

На радарот на „црвените ѓаволи“ се многу фудбалери, а во прв ред се Немања Матиќ, Иван Перишиќ и Алваро Мората. Но, раководството очигледно е недоволно заинтересирано за активно „тргување“ на пазарот.

Португалецот планираше новите засилување да ги однесе на подготовките на тимот во САД, но сепак очигледно ќе мора да почека за нови лица на „Олд Трафорд“.

Најблиску до Манчестер јунајтед е српскиот репрезентативец Немања Матиќ кој би требало да пристигне за сума од околу 30 милиони фунти. Трансферот требаше да биде официјализиран уште изминатава недела, но ништо од тоа.

Како што е познато, Јунајтед неодамна му се заблагодари на Златан Ибрахимовиќ по само една сезона мината во клубот, па приоритет во овој преоден рок ќе биде доведување на нов напаѓач.

Се вчитува...