Мурињо максимално искрен: Уште кога видов со кого сме во група, знаев што ќе се случи!

Манчестер јунајтед синоќа загуби со 0-1 на „Олд трафорд“ во Лигата на шампионите, во натпревар во кој очигледно беше дека италијанскиот шампион во моментов барем за класа е над „црвените ѓаволи“.

За тоа е свесен и Жозе Мурињо кој интересно признава дека сето ова го очекувал и предвидел уште од поодамна…

„Уште кога видов со кого сме во група знаев дека првото место е резервирано за Јувентус, а дека ние ќе се бориме за второто место со Валенсија. Јувентус е едно друго ниво, според мене еден од главните кандидати за трофејот во Лигата на шампионите. Немам што да им замерам на фудбалерите, видов дека дадоа колку што можеа. Може само да им честитам на трудот. Можеби заслуживме да дадеме гол, ако ништо токму поради трудот, но некогаш ниту тоа не е доволно“ – вели Мурињо.

Се вчитува...