Мурињо: Манчестер јунајтед не е дрим тим, ни фаворит за титула

Жозе Мурињо не смета дека Манчестер јунајтед годинава ќе биде фаворит за титулата во Премиер лигата. Иако „црвените ѓаволи“ во првото коло го прегазија Вест Хем со 4-0, Португалецот не е еуфоричен и нема силни ветувања во пресрет на гостувањето кај Свонси.

„Имам премногу искуство за така лесно да ја загубам сопствената дисциплина и да полетам во облаци после таа победа. Ние не сме никакви фаворити, не сме никаков дрим-тим. Ние сме само тим со малку поголема самодоверба, што имаше повеќе време за да се воигра. На натпреварот со Вест Хем имаше многу добри работи. Но не е поентата на секој натпревар да бркаме таков резултат, туку да се обидеме да ја повториме таквата игра“ – изјави Мурињо.

Манчестер јунајтед летово потроши 170 милиони евра на новите заислувања – Лукаку, Матиќ и Линделоф, а веќе е добро познато дека Мурињо сака да го комплетира тимот со уште еден крилен играч.

Се вчитува...