Мурињо направил хотелска сметка од 600.000 фунти

Отказ на Жозе Мурињо ќе го чини Манчестер јунајтед 24 милиони фунти како отштета, но и дополнителни 600.000 фунти за неговиот престој во хотел.

Откако дојде во Јунајтед, Мурињо престојуваше во луксузен хотел во Ловри, а неговото семејство живееше во Лондон. Ќерката Матилде е студентка, а синот Жозе Јуниор тренира во Фулам.

Португалецот имел можност да купи куќа во близина на клупскиот тренинг центар и преферираше да живее во апартман во хотелот кој цена за еден ден е 600 фунти. Во хотелот Мурињо престојувал 895 дена и неговата хотелска сметка изнесува 537.000 фунти без дополнителните трошоци за минибар и другите хотелски содржини.

Се вчитува...