Жозе Мурињо признава дека тој не би дал пари да го гледа овој Манчестер јунајтед што се мачи на претсезонската турнеја во САД. Тимот на Мурињо има слаби резултати на Интернационалниот куп на шампионите. Загуби од Ливерпул со 4-1 на мечот што беше одигран пред рекорден број гледачи во Мичиген.
„Атмосферата е добра, но јас кога би требало да бидам гледач, не би дошол“ – вели искрено Мурињо.
Португалецот сепак има забелешки воопшто на сите клубови кои одат на претсезонските турнири во некомплетни состави.
„Не би дал пари за ниту еден од овие тимови. Го гледав на телевизија дуелот на Челси и на Интер, таму стадионот беше празен. И луѓето се во право. Ние овде доаѓаме со половични состави и не им го овозможуваме на фановите она што го заслужуваат“ – изјави Мурињо.
На турнејата во САД, Манчстер Јунајтед е без дел од играчите кои што се повредени, а недостасуваат и фудбалерите кои добија продолжен одмор поради настапите на Светското првенство во Русија. Следен противник на Манчестер јунајтед е Реал Мадрид.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА