Мурињо не ѝ бил прва опција на Рома – „волчицата“ си имала друга желба

Вистински фудбалски земјотрес ја погоди Италија откако беше објавено враќањето на Жозе Мурињо во италијанското Калчо како нов тренер на Рома од идната сезона, по што акциите на клубот вртоглаво почнаа да растат, а почна да се објавува и листата на фудбалери на „специјалниот“ кои планира да ги донесе на „Олимпико“.

И додека во Рим веќе владее грозница со ангажманот на контроверзниот Португалец, кој е еден од најдобрите тренери на денешницата, медиумите на Апенините објавија дека на „волчицата“ тој сепак не ѝ бил главна желба. Всушност, сосема друго има било во прв план, но откако ги одбил, паднала одлука да се донесе Мурињо.

Станува збор за поранешниот аргентински репрезентативец и легенда на Ривер плејт, Марсело Гаљардо, кој сега е тренер на култниот тим од Буенос Аирес и кој пред три години го однесе овој клуб во епското и бурно Суперкласико до јужноамериканската титула во Копа Либертадорес, втора од двата вакви престижни пехари и важи за најдобриот тренер во Јужна Америка од младата гарда.

Гаљардо е тренер на Ривер од 2014 година, но тој ја одбил Рома зашто не сакал да го остави својот клуб среде сезона, а на „волчицата“ ѝ се брзало да најде ново решение за клупата со кое ќе тргне од 1 јули, па така Мурињо влетал како алтернатива.

Инаку Гаљардо се споменуваше за клупата и на Барселона, но Роналд Куман седна лани на таа позиција, а Аргентинецот со Ривер освои 12 трофеи во седум години, од кои две во Копа Либертадорес.

Се вчитува...