Мурињо не го гледа Јунајтед, гледа француски фудбал и си бара работа

Поранешниот менаџер на Манчестер Јуанјтед, Жозе Мурињо откри дека одбил да го гледа натпреварот од осминафиналето во фудбалската Лига на шампионите во кој англискиот тим беше поразен од Пари Сен Жермен.

„Не го гледав натпреварот, ги знам играчите. И Премиер-лига не гледам и таму ги знам сите играчи. Повеќе сакам да гледам некои други лиги“ – изјави Мурињо додека беше во Франција на натпреварот меѓу Лил и Монпелје.

Тој уште и вели дека е отворен за работа во Фрнација објаснувајќи дека работел во четири различни земји и дека е подготвен за нов предизвик. Вели дека би останал без работа два до три месеци, а потоа веќе ќе се враќа на професијата.

Се вчитува...