Мурињо: Не ја сакам Лигата на Европа, но двапати ја освоив

Менаџерот на Тотенхем, Жозе Мурињо изјави дека има поголеми амбиции и не се задоволува само со победата над Арсенал. Неговиот тим славеше во дербито на Североисточен Лондон со 2-1.

„Морам да бидам амбициозен. Не сакам да гледам на работите како навивач и да бидам задоволен со победата над Арсенал. Лига Европа не е натпреварувањето кое го сакам, но кога не можете во Лига на шампиони вие играте таму. Во кариерата двапати играв во ЛЕ и двапати ја освои. Така да не е лошо да учествувам и трет пат“, изјави Мурињо. 

Во моментов Тотенхем се наоѓаат на осмата позиција на првенствената табела со 52 бода, односно два повеќе од градскиот ривал Арсенал.

Се вчитува...