Мурињо: Не ми е жал за Вест Хем

Манчестер јунајтед славеше на гостувањето кај Вест Хем (0-2), во натпревар кој беше во знакот на судиите, во главна улога на Мајк Дин, кој престрого го исклучи Фегули, а погодокот на Ибрахимовиќ беше од офсајд ситуација.

Стратегот на „ѓаволите“, Жозе Мурињо беше задоволен од победата, додавајќи дека и неговиот тим бил оштетен во текот на сезоната.

„Не можам да го коментирам црвениот картон, ќе мора да ја погледнам снимката. Во првиот дел од сезоната, постојано зборував за поништен гол на Ибрахимовиќ, чист пенал против Кристал Палас и не ми е жал за Вест Хем. Ако го коментираме судењето, тогаш ние сме шампиони во погрешни одлуки. Де Геа беше одличен на голот, во неколку моменти тој не спаси“ – истакна Мурињо после натпреварот.

Се вчитува...