Мурињо: Не очекував дека ќе се најдам во ваква ситуација, но сега е готово

Манчестер јунајтед славеше со 2-1 против Лестер на стартот од новата сезона во Премиер лигата, иако не воодушеви претерано со играта.

Преодниот рок заврши порано од вообичаено, па Мурињо постојано нагласува дека нема доволно добар тим а некои негови желби околу преодниот рок не се реализирани.

„Ќе биде тешка сезона за сите, не само за нас. Ќе биде тешко затоа што имав свои планови, а сега се наоѓам во ситуација во која не мислев дека ќе бидам. Како и да е, готово е. Пазарот е затворен и нема што да се зборува повеќе за тоа. Ете почнавме со победа против тим кој повеќе вложи ова лето од нас. Играта ќе се подобрува, сега најважни се бодовите“ – рече Мурињо по победата над Лестер.

Се вчитува...