Мурињо не се враќа во Реал Мадрид, сака да го заврши договорот со Јунајтед

Менаџерот на Манчестер Јунајтед, Жозе Мурињо некако ја стабилизираше позицијата на „Олд Трафорд“ па дури и се најде во позиција да одговара на прашања за можниот трансфер во Реал Мадрид. Ова секако доаѓа поради лошите резултати на мадридскиот клуб чиј тренер, Хулен Лопетеги, е под голем притисок, особено по поразот од Леванте во саботата. Шпанските медиуми шпекулираа со доаѓањето на Мурињо на неговото место.

„Сакам да го завршам договорот со Манчестер Јунајтед, сакам да останам овде до последниот ден. Размислувам само за Манчестер Јунајтед“ – одговори Мурињо објаснувајќи и дека веќе нема да им одговара на шпанските новинари кои му ја одвеле прес – конференцијата во погрешен правец.

„Овде сме на прес конференција на еден од најголемите клубови во светот и веќе нема да се занимавам со шпанските медиуми кои се интересираат само за Реал Мадрид  и за Роналдо“ – рече контроверзниот Португалец.

Манчестер Јунајтед утревечер против Јувентус ќе го одигра дуелот од третото коло во Лигата на шампионите.

Се вчитува...