Португалскиот стратег Жозе Мурињо нема да го преземе Јувентус и покрај поддршката која ја доби од Кристијано Роналдо, пренесуваат медиумите на Апенините.
Јувентус нема доволно пари за да го доведе Мурињо, кој во декември минатата година доби отказ од Манчестер Јунајтед. Бјанконерите минатото лето потрошија 100 милиони евра за Кристијано Роналдо, поради што немаат доволно средства да го донесат и Мурињо.
Како што наведуваат италијанските медиуми, Роналдо е подготвен да ги остави на страна несогласувањата кои ги имаше со Мурињо, од времето во Реал Мадрид и дека нивниот однос во моментов е одличен. Мурињо во 2010 година освои тројна титула со еден од најголемите ривали на Јувентус, Интер и затоа навивачите на „старата дама“ не беа задоволни со шпекулациите околу доаѓањето на Португалецот на „Јувентус арената“.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА