Мурињо: Немам објаснување за Ренато Санчез…

Рома скапо ја плати победата над Шериф во Лигата на Европа по повредата што ја заработи големото летно засилување, Ренато Санчез. Португалецот стрелаше прецизно во неделата против Емполи и беше стартер и на вчерашниот дуел со Шериф, но поради нова повреда на мускулот мораше да биде заменет веќе во 28. минута.

Санчез, кој се соочуваше со серија повреди и во ПСЖ, повторно го очекува пауза од терените, а Жозе Мурињо не го криеше разочарувањето што нема да може да смета на својот сонародник.

„Сите знаеме каков играч е Ренато Санчез, него му е потребно да игра за да влезе во ритам, но повредите го спречуваат да игра стандардно. Немам објаснување, во Баерн Минхен не најдоа решение, во ПСЖ исто така, сега ние се обидуваме да разбереме во што е проблемот за да се обидеме да го решиме“, изјави Мурињо.

Се вчитува...