Манчестер јунајтед ќе направи нов обид да стигне до Иван Перишиќ. Хрватскиот репрезентативец подолг период е на листата на желби на Жозе Мурињо, португалскиот стратег беше да го гледа и во живо минатата сезона во дресот на Интер, а уште еднаш се увери во неговите квалитети на Светското првенство во Русија. Перишиќ беше еден од најдобрите играчи на селекцијата на Хрватска која стигна до сребрениот медал на Мундијалот.
Раководството на „црвените ѓаволи“ е подготвено да ја исполни желбата на Мурињо ова лето и за Иван Перишиќ обезбеди 70 милиони евра. Понудата ќе биде испратена во Милано, со надеж дека Интер конечно ќе се согласи да го продаде крилниот напаѓач. Ова значи дека Антони Марсијал, а најверојатно и Маркус Рашфорд ќе мораат да си заминат од „Олд Трафорд“.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА