Мурињо очаен за голгетер: Варди или Чичарито, кој ќе дојде на „Олд трафорд“?

Манчестер јунајтед очајно се обидува да доведе напаѓач во овој преоден рок, па раководството испрати отворени понуди до Лестер за Џејми Варди и до Вест хем за Хавиер Ернандез. Жозе Мурињо смета дека му е потребна поддршка или „бек-ап“ план за Лукаку, односно голгетер со искуство кој може да да биде опасен во момнети кога Белгиецот се мачи да затресе мрежа. Повредата на Ибрахимовиќ им создаде дополнителни проблеми, па Јунајтед одново ќе ја отвори касата да му исполни желба на Португалецот.

Варди е далеку од онаа голгетерска форма како во шампионската сезона, но Англичанецот и тоа како знае да биде опасен. Иако е различен тип на играч од Лукаку, Варди може да биде „џокерот“ на Мурињо. Но, 31-годишниот анлиски репрезентативец потпиша нов договор со „лисиците“ летото 2016 година, одбивајќи ги Арсенал, па ако газдата на клубот се одлучи да заработи на него, цената нема да биде помала од 35 милиони фунти.

Чичарито е „план Б“, а и поефтина варијанта од Варди. Мексиканецот летово се врати во Премиер – лигата потпишувајќи за тимот на Вест хем, но Ернандез наиде на потешкотии откако се врати на Островот, постигна само четири гола на 17 натпревари. Можеби не присетува на оној Чичарито во времето кога до носеше дресот на „фармацевтите“, но голгетерскиот инстинкт е тука, а покрај квалитетни играчи за врска би можел да затресе мрежа во моменти кога е потребно. Ернандез го чинеше Вест хем 16 милиони фунти, а раководството на клубот со задоволство ќе го продаде барем за половина од центата која ја исплатија за него.

Англиските медиуми бомбардираа со веста дека Јунајтед се приклучи во трката за Алексис Санчез, што е далеку подобра опција од горенаведените играчи. Но, имајќи во предвид дека Санчез веќе има вербален договор со „граѓаните“, тешко дека ќе успеат да го премислат. Иако Јунајтед понуди и повеќе пари и плус играч до Арсенал, фудбалерот е тој што одлучува каде ќе ја продолжи својата кариера, а Санчез по сите изгледи има одлучено одамна.

Се вчитува...