Мурињо одржа прес-конференција, буквално, од 10 секунди… (ВИДЕО)

Не се ништо невообичаено, комичните ситуации во и околу фудбалските терени кои го следат португалскиот стратег Жозе Мурињо.

Така беше и денеска по победата на Манчестер јунајтед над Кристал Палас од 2-0. Мурињо се појави во прес салата каде едвај имаше неколку новинари, со оглед на тоа што останатите се уште се очекуваше да пристигнат.

Портпаролката на Јунајтед, сепак, веднаш праша дали некој има прашање, а откако од малкумината присутни никој не се огласи, Мурињо по само 10 секунди си замина… Нормално, кога никој нема никакво прашање…

Се вчитува...