Мурињо остана и без трофеј и без Инстаграм

Жозе Мурињо го избришал профилот на Инстаграм веднаш по поразот на Манчестер јунајтед од Челси во финалето на ФА Купот тврдат дел од британските медиуми. Португалецот решил да го направи ова поради бројните критики кои му ги пишувале навивачите бидејќи клубот повторно остана без трофеј и во оваа сезона. Стилот на игра што го практикува Мурињо постојано е цел на забелешки на навивачите на Јунајтед, но состојбата кулминирала во саботата кога на профилот добил жестоки навреди и коментари.

Мурињо постојано тврди дека Јунајтед направил напредок во однос на минатата сезона, затоа што заврши на второто место во Премиер-лигата, а беше дел и од Лигата на шампионите. Сепак, трпението на огромната армија навивачи на „црвените ѓаволи“ изгледа е при крај особено што, според нив, клубот игра премногу внимателен  и неатрактивен фудбал кој дополнително и не донесе резултати.

И покрај негодувањата на навивачите, а и покрај тоа што Мурињо не е во добри односи со дел од фудбалерите, управата на Манчестер јунајтед ќе застане цврсто зад него. Очекувањата се дека наводно од екипата ќе си заминат неколкумина играчи, а Јунајтед ќе направи напори да донесе звучни имиња како засилувања.

Се вчитува...