Мурињо: Пандев ми кажа дека ќе биде тежок меч и на крајот навистина беше така

Шкендија загуби со 1-3 од Тотенхем во третото квалификациско коло од Лигата на Европа. Тренерот на лондонскиот клуб, Жозе Мурињо вели дека сето тоа што му го кажал капитенот на нашата репрезентација Горан Пандев пред мечот на крајот се покажало сосема точно.

„Зборував со Пандев пред некој ден и ми кажа дека нема да е лесно, на крајот стварно така беше. Убаво е да се победи три пати по ред и тоа далеку од дома. Меѓутоа тоа е наша работа да победуваме. Одлично е што поминавме во следното квалификациско коло. Шкендија е добар тим кој игра со различен интензитет од нашиот. Стартувавме силно и мислевме дека го имаме натпреварот, но тогаш тие постигнаа гол и беше навистина тежок натпревар. Сепак, моите фудбалери добро реагираа и на крајот стигнавме до победа. Одличен тим со одличен тренер. Одлично организирани“, изјави Мурињо. 

Во последното квалификациско коло избраниците на Жозе Мурињо за противник ќе ја имаат израелска Макаби Хаифа која беше подобра од Ростов на нашиот Давид Тошевски. Натпреварот во Лондон ќе се игра следниот четврток.

Се вчитува...