Мурињо плаќа 110 милиони евра за Сергеј Милинковиќ – Савиќ

Англискиот премиерлигаш Манчестер јунајтед е пред потпис со српскиот интернационалец Сергеј Милинковиќ – Савиќ, ѕвездата на Лацио за која се заинтересирани најголемите европски клубови. „Црвените ѓаволи“ излегоа со конкретна понуда од 110 милиони евра, плус бонуси за освоени трофеи, што треба да биде доволно за претседателот Клаудио Лотито да му дозволи да се пресели на „Олд трафорд“.

Менаџерот на Манчестер јунајтед, Жозе Мурињо, сака да го засили средниот ред, откако стана јасно дека сепак Пол Погба не ги оправда неговите очекувања и можеби ќе биде испратен на позајмица во Јувентус. Токму Сергеј Милинковиќ – Савиќ треба да биде главниот креатор на играта на „црвените ѓаволи“, според замислите на Мурињо. Мурињо се надева дека неговиот добар пријател, португалскиот суперагент Жорге Мендеш, ќе успее да го доведе Србинот на „Олд трафорд“, и тоа уште пред почетокот на Светското првенство во Русија.

 

Се вчитува...