Тренерот на Рома, Жозе Мурињо најде замерка на играта на својата екипа и покрај убедливиот триумф над Емполи од 7-0. Тој кажа дека некои елементи во играта не му се допаднале.
Мурињо кажа дека неговиот тим имал добар настап, но не да победи со толкава разлика. Изрази жалење и за противникот.
„Добар настап, но не за 7:0. Сакавме да победиме, да победиме со комфорен резултат. Имаше подеми и падови, вклучително и во однос на кондицијата, па сите не беа подготвени да играат 90 минути со висок интензитет. Жал ми е за Емполи, но таков е фудбалот. Понекогаш тоа се случува. Мене некои работи во играта на мојот тим не ми се допаднаа. Заедно со моите помошници ќе анализираме сè подетално подоцна, изјави Мурињо за „Football Italia“.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА