Мурињо по поразот: А, па не сум воопшто изненаден…

Жозе Мурињо, во свој стил, даде повеќе од интересна изјава по синоќешниот пораз на Манчестер јунајтед од Валенсија во Лигата на шампионите.

Јунајтед загуби на „Местаља“ со 2-1 пропуштајќи можност да дојде до првата позиција во Групата Х. Но, Мурињо вели дека ништо од тоа што го видел на натпреварот не го изненадило.

„Не научив апсолутно ништо од овој натпревар. Се што се случуваше на терен, ништо не ме изненади“ – рече Мурињо и дополни:

„Не сум задоволен од играта. Пред натпреварот им реков на фудбалерите дека ако ние победиме а победи и Јувентус – ние сме си го завршиле својот дел од задачата. А ако ние не победиме и Јувентус не победи, тогаш може да се обвинуваме само себе“.

Се вчитува...