Управата на Реал Мадрид уште сега започна да се подготвува за зимскиот преоден рок и тренерот Жозе Мурињо веќе и доставил листа со имиња кои сака да бидат ангажирани.
По првиот пораз на Кралевите сезонава од Бетис, шпанските медиуми успеаја да откријат барем едно име кое Португалецот го сака на „Сантијаго Бернабеу“ по секоја цена.
Највисоко на неговиот список на желби се наоѓа аргентинскиот репрезентативец кој настапува за Ливерпул, Алексис Мекалистер, објави „Бернабеу дигитал“.
Мекалистер веќе четири години е дел од Ливерпул за кого досега одигра 152 меча и има учинок од 19 гола и 20 асистенции. Договорот на Мекалистер со Ливерпул истекува во 2028 година.
Според „Бернабеу дигитал“, Кралевите се надеваат дека трансферот на Мекалистер ќе го реализираат веднаш откако Ливерпул ќе го купи Ламин Камара од Монако, за што сè поинтензивно пишуваат англиските медиуми.
Интересно е што Камара на последниот ден од летниот преоден рок, ги договори сите детали со Челси, но Монако во последен момент го стопира трансферот. Но, францускиот тим за да избегне казна поради финансискиот фер-плеј во јануари ќе мора да продаде некоја ѕвезда и извесно е дека тоа ќе биде Камара.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА
