Рома брка уште еден „римски симбол“

Челниците на Рома се на добар пат да дозволат уште еден симбол на клубот да си замине од „Олимпико“. Откако тоа го сторија со Франческо Тоти и со Даниеле де Роси, сега на излезна врата од „римската волчица“ се наоѓа и Николо Заниоло, младиот суперталент кој секогаш изјавуваше дека сака да потпише долгогодишен договор со Рома, но сега размислува за промена на клупските бои.

Ситуацијата се промени по тешката повреда на коленото, иако Заниоло во меѓувреме се врати, па дури и постигна еден гол, тој не е дел од плановите на тренерот Фонсека, а раководството на клубот токму во него гледа идеална можнот за продажба и добра заработка, со оглед на фактот дека младиот ас е проценет на 50 милиони евра. Во меѓувреме се појавија и информации за конфликт меѓу Заниоло и соиграчите од првиот тим, при кој тренерот Фонсека не го одбранил младиот ас, како јасна порака да не се надева на посериозна минутажа до крајот на сезонава.

Жозе Мурињо е подготвен да ја плати оваа сума за да го доведе во Тотенхем, но се очекува многу сериозен ривал во оваа трка да му биде Јувентус, кој сака да го доведе Заниоло во своите редови.

 

Се вчитува...