Мурињо: Понудивме 60 милиони фунти за Мората, но Реал ги одби

Манчестер јунајтед најверојатно нема да го купува Алваро Мората ова лето. Жозе Мурињо ќе се задоволи само со Ромелу Лукаку како ново засилување во навалната линија, а можеби ќе се согласи и Златан Ибрахимовиќ да остане и следната сезона, иако поради повредата нема да биде подготвен за стартот од новиот шампионат. Португалскиот стратег објасни дека Манчестер јунајтед се обидел да го купи Мората, но Реал Мадрид ја одбил понудата на англискиот премиерлигаш.

„Испративме понуда вредна 60 милиони фунти за Мората, но Реал Мадрид ја одби. Ние не можеме да ја одредуваме цената на фудбалери од други клубови, но и не сме подготвени да плаќаме повеќе од тоа што мислиме дека е реално. Едноставно е, не можам да го обвинам ниту раководството на Манчестер јунајтед, затоа што ние упативме сосема добра понуда. Но, двата клуба не најдоа заеднички јазик на економски план. Одиме понатаму, сигурно дека ќе се обидеме да доведеме најмалку уште две засилувања ова лето“, изјави Жозе Мурињо.

Се вчитува...