Мурињо: Последен пат видовме сонце – во Македонија!

Манчестер јунајтед го совлада Саутемптон со 0-1, но не прикажа премногу допадлива игра на вчерашниот меч. Менаџерот Жозе Мурињо, во свој стил, секогаш умее да најде оправдување, па сега го обвини жешкото време. Тој вели дека „црвените ѓаволи“ последен пат виделе сонце – во Македонија на Суперкупот на УЕФА.

„Времето беше прекрасно, но сонцето како да ги изненади фудбалерите. Во Манчестер ние никогаш немаме вакво време. Последен пат вакво време имавме во во Македонија. И тоа сигурно влијаеше на играта, но најважни се бодовите“, изјави Жозе Мурињо.

Тој заработи и исклучување на дуелот со Саутемптон.

„Не знам зошто ме исклучи. Судијата ми рече да си заминам, и јас зи заминав“, дополни менаџерот на Манчестер јунајтед.

Се вчитува...