Португалскиот стратег Жозе Мурињо е најблиску до отказ од сите останати стратези во Премиер – лигата, по воведните три кола од новата сезона. Обложувалниците на „Островот“ значително го намалија коефициентот за негово заминување од „Олф Трафорд“ по синоќешниот пораз (0-3) на „црвените ѓаволи“ на домашен терен од Тотенхем.
Мурињо не можеше да го издржи ниту притисокот од медиумите и ги нападна новинарите на прес – конференцијата, барајќи да покажат поголем респект кон него, затоа што тој досега во кариерата има освоено три шампионски титули во Англија, повеќе од сите други премиерлигашки менаџери заедно во овој момент.
Манчестер јунајтед има два порази во првите три кола и сигурно дека следен неуспех значително би ја загрозил иднината на Мурињо на „Театарот на соништата“.
Веќе се издвоија и најсериозните наследници за наследник на Жозе Мурињо на клупата на „ѓаволите“. Тоа се Зинедин Зидан, поранешниот тренер на Реал Мадрид, Карло Анчелоти, кој го предводи Наполи, а претходно на Островот беше менаџер на Челси, а во трката се и Маурицио Покетино, Антонио Конте, Лорен Блан, Рајан Гигс, Леонардо Жардим…
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА