Мурињо пред ждрепката за ЛШ: Сите ќе сакаат да го избегнат Тотенхем

Менаџерот на Тотенхем, Жозе Мурињо смета дека сите екипи ќе поскауваат да го избегнат неговиот тим на ждрепката за осминафиналето од фудбалската Лига на шампионите. Тотенхем во последното коло од групниот сегмент загуби од Баерн со 1-3, но претходно имаше обезбедено место во нокаут сегментот. На средбата, лондонскиот тим беше без Хари Кејн, Деле Али и без Јан Фертонген.

„Екипите кои беа првоплариасни во групите нема да сакааат да играат против нас. Ние сме најсилниот тим од вториот шешир. До крајот на февруар ќе ги запознаам подобро моите играчи и тие мене ќе ме сфатат подобро. Имаме уште два месеци заедничка работа и мислам дека ќе бидеме подобро подготвени“ – вели Мурињо.

Извлекувањето на двојките за осминафиналето е в понеделник. Покрај Тотенхем во вториот шешир се и Атланта, Атлетико Мадрид, Борусија Дортмунд, Челси, Лион, Наполи и Реал Мадрид. Во првиот шешир ќе се најдат Барселона, Баерн Минхен, Јувентус, Лајпциг, Ливерпул, Манчестер Сити, Пари Сен Жермен и Валенсија.

 

 

Се вчитува...