Мурињо приреди „спектакл“ на утринската прес-конференција: Без поздрав…, и одговори со ДА и НЕ!

Без било каков поздрав за добро утро, очигледно желен да демонстрира лутина, менаџерот на Манчестер јунајтед, Жозе Мурињо пристигна на прес-конференцијата која денеска изненадувачки, а повторно водејќи инает кон новинарите, ја закажа од 8 часот наутро.

И, „специјалниот“ приреди нов „спектакл“. Новинарите останаа пократки за бројни одговори, а Мурињо онака рутински одговараше главно со ДА и со НЕ…

„Зошто Јунајтед има толку проблеми со играта на почетокот од сезоната?“ – беше едно од прашањата, а потоа следеше одговорот на Жозе…:

„Од многу причини!“

„А,може ли да ни ги кажете тие причини?“

Жозе: „Не!“

Па следи ново прашање: „Дали може да признаете дека актуелните резултати не се соодветни за тим како Јунајтед?“

Жозе: „Да, признавам!“

За на крајот „специјалниот“ да даде еден краток осврт нагласувајќи дека не е разочаран од последните три меча, затоа што имаат три ремија а не порази…

„Секако сакавме победи, но трите ремија не се порази. Ќе се обидеме да победиме на утрешниот натпревар против Њукасл“ – рече Жозе.

Се вчитува...