Мурињо руши негативни рекорди – Португалецот за првпат запиша десет порази во една сезона!

Португалскиот тренер, Жозе Мурињо, запиша редок вид негативен рекорд во својата богата кариера. За првпат му се случија двоцифрен број порази во првенствена сезона со еден клуб. Поразот од Манчестер Јунајтед доволно кажува во каква ситуација се наоѓа Тотенхем. Уште еден натпревар во низа фудбалерите на Жозе Мурињо испуштаат предност и дозволуваат противникот да ги однесе сите три бода со пресврт.

Лондонскиот тим ќе има проблеми до крајот на сезоната да се избори за место во Лигата на шампионите. Конкурентите бележат одлични резултати, за разлика од „петлите“, кои сами си ја комплицираат завршницата од сезоната.

Мурињо продолжува во слободен пад, кога се во прашање успесите во кариерата. По Манчестер Јунајтед, многу е веројатно да се очекува дека нема долго да се задржи ниту во редовите на Тотенхем.

Договорот и високите примања би биле единствената причина поради која управата на клубот не се одлучува да му врачи отказ. Сепак, Мурињо ќе има шанса до крајот на сезоната да ги поправи работите во тимот од Лондон, во спротивно челниците на Тотенхем нема да размислуваат и ќе ја прекинат соработката со Португалецот.

Се вчитува...