Мурињо сака да го ’украде’ Головин пред носот на Рома

Менаџерот на Манчестер јунајтед, Жозе Мурињо, е импресиониран од игрите на рускиот репрезентативец Александар Головин и испрати понуда вредна 15 милиони фунти до ЦСКА Москва. Играчот за врска е во завршни преговори со италијанскиот калчолигаш Рома, но понудата од „Олд трафорд“ секако може да ги промени неговите планови. Тој и во минатото најавуваше дека негова голема желба е да заигра во Премиер – лигата.

Мурињо смета дека 22-годишниот Головин би бил одлична замена, а воедно и наследник на Хуан Мата. Португалецот е подготвен дури и да го ослободи Мата, и заедно со Антони Марсијал да им дозволи да си побараат нова средина ова лето.

Претходно интерес за Головин искажаа и Јувентус и Барселона, но без конкретна понуда за најдобриот руски фудбалер.

Се вчитува...