Мурињо сака да го врати Мемфис Депај на „Олд Трафорд“

Англискиот премиерлигаш Манчестер јунајтед сака да ја исправи грешката и да го врати Мемфис Депај на „Олд Трафорд“. Менаџерот Жозе Мурињо по доаѓањето во Јунајтед му даде дозвола на Холанѓанецот да замине во Лион, но сега сака да го врати назад на Театарот на соништата. Тој имаше одлична сезона во францускиот клуб, постигнувајќи 22 гола во дресот на Лион.

Мемфис Депај во 2015 година од ПСВ Ајндховен пристигна во Манчестер јунајтед, но не успеа да се снајде најдобро и во договор со раководството и со Жозе Мурињо беше продаден во Лион, за само 16 милиони фунти. Во договорот сепак постои и клаузула дека „црвените ѓаволи“ го имаат правото први да преговараат за негов трансфер од Лион, а Мурињо сака да ја искористи и да го врати во Англија.

Се вчитува...