Mурињо: Сакам да го доведам Модриќ да ми биде помошник во Реал

Жозе Мурињо се врати на клупата на Реал Мадрид по 13 години, а во пресрет на почетокот на новата сезона во Ла Лига против Еспањол, со насмевка се присети на Лука Модриќ.

Токму португалскиот стручњак инсистираше на доаѓањето на Модриќ од Тотенхем во 2012 година и цврсто веруваше во него, дури и кога шпанските медиуми првично го прогласија за најлошо засилување.

Таа доверба повеќекратно се исплатеше, хрватскиот капитен помина 13 години во Мадрид, одигра 597 натпревари и стана најтрофејниот играч во историјата на клубот со освоени дури 28 трофеи, пред да замине во Милано минатото лето.

На прес-конференцијата пред почетокот на првенството, Мурињо одговори на прашањето зошто го вклучил поранешниот играч за врска Сами Кедира во својот стручен штаб како помошник:

„Секогаш сакам како помошник да имам некој што се чувствува како дома во тој клуб. Чаби Алонсо? Тој веќе има тренерска работа на високо ниво. Арбелоа? Исто како и Чаби. Лука? Тој се уште игра, но би сакал еден ден да ми биде помошник“, изјави Мурињо. 

Неколку дена претходно, во интервју за познатата емисија „Ел Чирингито“, Португалецот кратко и јасно прокоментира колку на „кралскиот клуб“ му недостасуваат поранешните играчи од средниот ред: „Постои само еден Лука и постои само еден Тони.“

Се вчитува...