Мурињо: Самите се убивме со почетнички грешки

Жозе Мурињо го претрпе првиот овосезонски пораз на гостувањето против Брајтон, а стратегот на Манчестер јунајтед причината за неуспехот ја посочи во почетничките грешки на своите фудбалери.

„Ако треба да го раскажам мечот во една реченица – бевме казнети за грешките што ги направивме. Тоа е приказната на овој натпревар, во клучните моменти правевме почетнички грешки и со тоа самите се убивме. Особено третиот гол… дадовме гол за 2-1 и очекував второ полувреме во кое ќе имаме позитивен пристап, а ние примивме наивен погодок по грешка и пенал“ – изјави Мурињо.

Португалецот одби јавно да ги критикува своите фудбалери за слабиот настап, нешто што го правеше во текот на ланската сезона.

„Не сакам да навлегувам и да кажувам имиња, ќе треба да го решиме тоа внатрешно во тимот. Лани ги критикував јавно, па јас самиот бев критикуван што сум премногу отворен. Сега само јавно ќе ги фалам кога ќе играат добро“ – истакна португалскиот стратег.

Се вчитува...