Мурињо: Само Покетино може да биде задоволен од тимот што го има!

Еден од најконтроверзните тренери на светот, Жозе Мурињо со победа дебитираше на клупата на Рома, а тој како и секогаш, така и овој пат имаше нешто да каже, во случајов со летниот преоден рок, па повторно предизвика разбранување на страстите.

Португалскиот стручњак откако дојде во Рома потроши безмалку 100 милиони евра на засилувања, па на една недела пред завршување на преодниот рок, најави дека многу поверојатно е дека од Рим ќе си замине уште некој, одошто ќе има засилувања, па малку на шега, малку иронично даде еден коментар кога го прашаа дали е задоволен од тимот што го има на располагање.

„Знаете ли воопшто еден тренер кој е задоволен од изгледот на својот тим? Освен Покетино, некој друг?!“, рече Мурињо.

Португалецот јасно алудираше на ѕвездениот тим што ПСЖ го напарави летово откако дојдоа Лионел Меси, Џиџо Донарума, Серхио Рамос, Ашраф Хакими и Џорџино Вајналдум, а од претходно ги има Марко Верати, Анхел Ди Марија, Нејмар и Мбапе.

Се вчитува...